Комерцијалист за Велес, Кавадарци, Неготино
Macedonia
Продажба
Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Од 2020 година ја отвара својата онлајн продавница со повеќе од 200 производи кои се дистрибуираат низ цела Македонија за крајните купувачи.
Доколку имате одлични комуникациски и лидерски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(Градови: Велес, Кавадарци, Неготино)
Главни одговорности:
- Развивање и имплементирање на стратегии за продажба за регионот
- Градење и одржување на одлични релации со постојни и нови клиенти
- Следење на трендовите на пазарот и препознавање на можности за развој
- Остварување на зададените продажни цели
- Одговорност за наплата на долгувањата
Потребни квалификации:
- Образование: ССС (ВСС ќе се смета за предност)
- Компјутерска писменост: алатки MS office
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Искуство: минимум 3 години на слична работна позиција
- Возачка дозвола – Б категорија
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај
Apply