Рецепционер во СПА
Macedonia
Хотелиерство
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во Спа центарот на следната работна позиција:
Спа рецепционер
Работни задачи и обврски:
- Целосно е запознаен со работењето на хотелот и Спа центарот;
- Запознаен е со деталите на понудите за масажи и услуги во СПА Центарот;
- Детално е запознаен со моменталните понуди и активни промоции на услугите во Спа центар и ги презентира и комуницира со клиентите;
- Одржува професионален однос и на гостите им нуди услуги од хотелот со цел да придонесе во зголемувањето на приходот и успешноста на компанијата;
- Врши прием на клиенти и уредно ги евидентира во работната програма;
- Врши набавка на потребни материјали за СПА центар.
Вистинскиот кандидат треба да поседува:
- Средно образование
- Претходно работно искуство најмалку од една година на иста или слична работна позиција
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на трет јазик се смета за предност
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на vrabotuvanje@parkland.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.
Apply