Менаџер на продажба

Macedonia
Хотелиерство
Specialist

Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди. Нашиот хотел е олицетворение на хармонија помеѓу елегантни форми и бои, софистициран стил, со што претставува место што го прави прв избор за патниците.

 

Parkland Hospitality Group објавува слободна работна позиција, и доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:

 

Менаџер за продажба

 

Работни задачи и обврски:

•             Го подготвува годишниот буџет и управува со Секторот во рамки на поставените планови и буџети.

•             Ги поставува целите за продажба и изготвува планови за реализирање на продажбата.

•             Врши примена и анализа на воспоставениот систем на Продажба и дава предлози за негово подобрување.

•             Ги промовира и реализита продажба на производите и услугите на Компанијата со цел да се зголеми профитот според годишниот бизнис план.

•             Одржува редовни состаноци со клиенти од домашниот и странскиот пазар, со цел        презентација на компаниските услуги.

•             Одржува редовни состаноци со сите постојни и потенцијални клиенти, за да ги воочи нивните потреби, да ги обновува договорите со нив или да склучи нов договор, во зависност од потребите на работата.

•             Обезбедува понуди и информации на заинтересираните клиенти.

•             Подготвува налози за престојни настани.

•             Се грижи за подобрување на квалитетот на извршувањето на задачите.

•             Постојано го следи пазарот и конкуренцијата.

•             Дава предлог до ГМ за одобрување на бенефиции и попусти за значајни клиенти.

•             Потврдува дека сите информации што ги бараат локалните полициски органи се точно    подготвени и навремено доставени.

 

Потребни квалификации:

•            Комуникациски и продажни вештини

•            Течно говорење на англискиот јазик

•            Ориентираност кон резултати и услуга на клиенти

 

Што нудиме: 

•            Пријатна работна атмосфера

•            Бенефиции согласно позицијата

•            Можност за учење и напредок во рамките на компанијата и групацијата Малиќи

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот, преку копчето аплицирај.

 

Apply

Attachments

Data privacy policy consent *

Show more...
https://maliqigroup.com/careers/
FledgeHR © 2024
Cookie consent Privacy policy