Сметководител Малиќи Груп
Macedonia
Хотелиерство
Independent
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Сметководител
СЕКТОР: Финансии
РАБОТНИ ОБВРСКИ / ОДГОВОРНОСТИ
- Контрола при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација.
- Евидентирање на денарски и девизни изводи.
- Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање, изработка и доставување на документација за Народна банка, Државен завод за статистика и други релевантни институции.
- Следење и спроведување на законски процедури и легислативи (ДДВ, персонален данок, данок од добивка и сл. и нивна примена).
- Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
- Активно учество при подготовка на Завршни годишни сметки и ДБ.
- Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
- Комуникација со клиенти, банки и државни институции.
Потребни способности и компетенции:
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
ОЧЕКУВАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ОБРАЗОВАНИЕ
Економски факултет, од областа на Сметководство и ревизија се смета за предност
Поседување уверение за сметководител се смета за предност издадено од Министерство за финансии
ИСКУСТВО
Потребно е најмалку три години претходно работно искуство на соодветна позиција како сметководител или Овластен сметководител
ТЕХНИЧКИ КОМПЕТЕНЦИИ
Познавање на Microsoft Office: Word, Excel
Познавање и користење на сметководствен софтвер