Специјалист за човечки ресурси
Macedonia
големопродажба
Специјалист за човечки ресурси
Групацијата Малиќи (www.maliqigroup.com) е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив.
Компанијата Малиќи груп, бара искусен и посветен Специјалист за човечки ресурси, кој ќе биде одговорен за сите аспекти на управување со човечките ресурси, вклучувајќи вработување, обука, талент менаџмент, перформанс менаџмент и други активности за развој на вработените и организацискиот капацитет.
Клучни задачи и одговорности:
- Спроведување и надгледување на политики и процедури за човечки ресурси, согласно со законските прописи и интерните политики на компанијата.
- Учество во развој на стратегии за задржување на вработените и подобрување на корпоративната култура.
- Идентификување и развивање на таленти во компанијата со цел да се обезбеди долгорочен успех и задржување на вработените.
- Управување со процесот на оценување на учинокот (performance management), вклучувајќи поставување на цели, редовна оценка на перформансите и обезбедување повратна информација за вработените.
- Управување со обуки и развој на вработените за да се обезбеди квалитетен развој на човечкиот капитал.
- Поддршка на вработените во однос на прашања поврзани со работното место, плати, бенефиции и дисциплински постапки.
- Водење и ажурирање на евиденции и системи за човечки ресурси.
Квалификации:
- Високо образование
- Најмалку две години работно искуство од областа на човечки ресурси.Одлично познавање на трудовото законодавство и регулативите.
- Способност за работа во динамична средина и управување со повеќе задачи.
- Вештини за работа со компјутерски програми и софтвери за човечки ресурси.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и напредок.
- Позитивна и стимулативна работна средина.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот, преку копчето аплицирај.
Apply