Бренд Менаџер
Macedonia
големопродажба
Гемак Трејд е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун и прехрамбени производи. Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.
Доколку поседувате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, покажувате иницијативи, ориентираност кон резултати, можете да аплицирате за работа во Гемак на следната работна позиција:
Бренд Менаџер
Во потрага сме по искусен Бренд менаџер, кој има искуство во FMCG секторот. Избраниот кандидат ќе биде одговорен за управување со портфолија на производи, оптимизирање на миксот на производи, како и развој на стратегии за подобрување на уделот на пазарот и профитабилноста. Позицијата Бренд Менаџер спаѓа во рамките на Комерцијалниот сектор – оддел Маркетинг, и одговара пред Маркетинг Менаџерот во компанијата.
Клучни одговорности:
Бренд Менаџмент:
- Менаџирање на брендови / принципали
- Развој на брендовите и бренд комуникации
- Развој на бренд стратегии и следење на имплементација на пазарот
- Ефикасно менаџирање на буџети
- Имплементација на глобални/регионални маркетинг кампањи од принципалите
- Развој и нарачки на POS материјали
- Дефинирање бренд синергии и одржување и проширување на портфолио
Дистрибуција, ценовно позиционирање и пазарна интеракција:
- Оптимално ценовно позиционирање во соработка со Менаџери на продажба.
- Мониторирање на ценовна стратегија на клучните конкурентски брендови.
- Поддршка на тимот за продажба при имплементацијата на бренд стратегиите, ценовната стратегија и дистрибутивните таргети.
- Собирање на сеопфатна анализа на пазарот за соодветната категорија, брендови и принципали.
- Адаптирање на стратегиите базирано на локалните потреби и микро региони.
- Комуникација со медиуми и агенции, вклучувајќи брифинг и развој на содржина.
Извештаи:
- Изготвување на маркетинг и продажни извештаи преку анализа и усогласување на податоци од различни извори.
- Мониторирање на буџети, редовна споредба на актуелни остварување наспроти буџетирани планови и форкасти.
- Поддршка при изготвување на работни планови за Бренд Амбасадор и поддршка при испорака на таргети.
Потребни квалификации и вештини:
· 3+ години искуство во маркетинг или продажба (развој на брендови од FMCG индустрија или премиум брендови од интернационални принципали ќе се смета за предност.)
· Универзитетска диплома.
· Возачка дозвола Б категорија.
· Деловно познавање на англиски јазик, напредно познавање на MS Office со фокус на Excel и Power Point.
· Разбирање на потрошувачите и искуство во истражување на пазарот.
· Финансиско познавање со фокус на профитабилноста на брендовите.
· Способност за автономна работа и ефикасно управување со приоритетите.
· Силни интерперсонални и комуникациски вештини.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај.
Apply