Бармен
Macedonia
Хотелиерство
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во нашите ресторани на следната работна позиција:
Бармен
Вистинскиот кандидат треба да поседува:
- Средно образование
- Претходно работно искуство најмалку од една година на иста или слична работна позиција
- Познавање на Англиски јазик
Работни задачи и обврски:
• Ги подготвува сите видови на пијалоци и е одговорен за квалитетот на истите.
• Се грижи за правилно чување и ладење на пијалоците.
• Го следи рокот на трајност на пијалоците.
• Одговорен е за исправноста на целокупната опрема и инвентар во барот.
• Одговорен е за материјалното и финансиското работење.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на vrabotuvanje@parkland.mk со назнака на позицијата за која аплицираат и за повеќе информации на телефонскиот број 071388969.
Apply