Менаџер за маркетинг и трејд маркетинг

Macedonia
Marketing

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.

Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:

Менаџер за маркетинг и трејд маркетинг

 

Работни задачи и обврски:

·        Согласно корпоративната бизнис стратегија прелага буџети за маркетинг A&P и трејд маркетинг по принципал, одобрува нивно користење и врши надзор на искоритувањето на буџетите на месечно, квартално и годишно ниво.

·        Одговорен е за креирање на value chain за производите за секој принципал поединечно, во координација со тимот од продажба, следејќи го правилото за конкурентност на цените на пазарот и принципот на прифитабилност на Гемак.

·        Прелага планови, договара, одобрува и врши надзор на ”Bellow the line’’ (не-медиумски, теренски)  и “Above the line”(медиумски)  стратегии, планови и активности.

  • Одговорен е за креирање на слика за поставување на производите и промовирање на пазарот.

·       Предлага план, договара, организира и се грижи за реализација на спонзорства на фестивали, концерти, донации и други настани согласно одобрениот маркетинг буџет и корпоративната стратегија на Гемак Трејд и Малиќи групацијата

·        Во координација со продажниот тим одобрува, организира и реализира брендирање во Оф трејд и Он трејд.

·        Дава насоки и врши надзор на работењето на маркетинг агенциите - соработници на Компанијата.

·        Континуирано комуницира со деловните партнери (принципали, институции), со надворешни и внатрешни соработници и други владини и невладини институции и организации од интерес.

·        Организира и врши супервизија и евалуација на набавка на материјали и услуги за потребите на својот Оддел во согласност со предвидениот буџет.

·        Се грижи за правилно и навремено имплементирање на стратегиите за дигиталните медиуми од страна на агенцијата или маркетинг координаторот/асистентот. Ја координира и следи комуникацијата на корпоративните профили на социјалните медиуми и компаниската веб страница.

·        По потреба врши маркетинг истражување за мислење на потрошувачите за одредена категорија производи со надворешна компанија, а исто така и вклучен е во интерните системски know how анализи.

·       Подготвува наменски презентации за принциаплите, се грижи за навремено испраќање на месечни извештаи кон принципалите, изработува и анализира периодични маркетинг извештаи.

 

Потребни квалификации:

 

·        Образование: ВСС (од областа на маркетинг ќе се смета за предност)

·        Искуство:  минимум 3 години искуство на иста или слична работна позиција

 

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај.

Apply

Attachments

Data privacy policy consent *

Show more...
https://maliqigroup.com/careers/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Privacy policy