Менаџер на хотелско одржување
Macedonia
Хотелиерство
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa и Next Door Park Hotel, обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:
Менаџер на Хотелско одржување
Работни задачи и обврски:
· Управува со секторот за Хотелско одржување и се грижи за спроведување и одржување на страндардите за хотелско работење, притоа обезбедувајќи квалитет на највисоко ниво.
· Одговорен е за организација, координација и контрола на оперативните задачи во секторот.
· Подготвува дневен и неделен распоред на активности за вработените, согласно потребите.
· Одговорен е и ги контролира сите оперативни задачи и дава насоки и предлози за нивно подобрување.
· Обезбедува менторска обука и ги мери перформансите на вработените.
· Врши проверка дали просториите се правилно исчистени и уредени, согласно хотелските стандарди.
· Врши редовен преглед на опремата, инвентарот и снабдувањето со потребните средства.
· Врши проверка и контрола на примената и испраната облека во Перална.
Kандидатот треба да поседува:
- Високо образование, се преферира од областа на Хотелски Менаџмент
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на трет јазик се смета за предност
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на vrabotuvanje@phg.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.
Apply