Асистент на Менаџер за хотелско одржување

Macedonia
Хотелиерство

Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa и Next Door Park Hotel, обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:

 

Асистент на Менаџер за Хотелско одржување

 

Работни задачи и обврски:

·        Се грижи за спроведување и одржување на страндардите за хотелско работење, притоа обезбедувајќи квалитет на највисоко ниво.

·        Одговорен е за организација, координација и контрола на оперативните задачи во секторот.

·        Подготвува дневен и неделен распоред на активности за вработените, согласно потребите на компанијата.

·        Ги контролира сите оперативни задачи и дава насоки и предлози за нивно подобрување.

·        Врши проверка на сите простории, согласно хотелските стандарди.

·        Врши редовен преглед на опремата, инвентарот и снабдувањето со потребните средства.

·        Врши проверка и контрола на примената и испраната облека во Перална.

 

Kандидатот треба да поседува:

-           Високо образование, се преферира од областа на Хотелски Менаџмент

-              Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција

-              Познавање на Англиски јазик

 

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на vrabotuvanje@phg.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Apply

Attachments

Data privacy policy consent *

Show more...
https://maliqigroup.com/careers/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Privacy policy