Рецепционер во фитнес
Macedonia
Хотелиерство
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во Фитнес центарот на следната работна позиција:
Фитнес рецепционер
Работни задачи и обврски:
• Ги познава карактеристиките и деталите на дневните, месечни и годишни пакети на услуги.
• Врши прием на членови во Фитнес центарот и истите ги евидентира во програмот за работа.
• Се грижи за правилно складирање на производите од Фитнес барот, како и подготовка на пијалоците од Фитнес барот.
• Врши наплата и одговорен е за исправноста и точноста на истата.
• Одговорен е за непречено работење на Фитнес рецепцијата за време на смената.
Кандидатот треба да поседува:
• - Средно образование
• - Претходно работно искуство најмалку од една година на иста или слична работна позиција
• - Познавање на Англиски јазик
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на vrabotuvanje@phg.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.
Apply