Дивизиски Менаџер во Онтрејд Дивизија

Macedonia
големопродажба

 

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа која денес покрива голем дел од пазарот, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.

Gemak Trade е во потрага по нов колега, на работната позиција:

 

Дивизиски менаџер во On Trade дивизија

 

Основни работни задачи и обврски:

 

  • Подготвува продажни планови и буџети за својот канал на продажба;
  • Одговорен е за најголемите и клучните купувачи во сите канали на продажба соддржани во ХоРеКа дивизија; 
  •  Развој и градење на посветеност кај тимовите со користење на лидерски алатки;
  • Градење на стратегии за развој и спроведување на годишните оперативни планови;
  • Следење на  обемот на продажбата, приходите и трошоците;
  • Анализа на продажба, приходи, трошоци, инвестиции и развојни идеи во однос на искористување на потенцијалот на пазарот; 
  • Дава поддршка на тимот во неговата дивизија за анализа на продажбата и купувачите, со цел да се обезбеди поголемо пазарно учество и покриеност на пазарот;
  • Учествува во преговорите за продажба и решавање на проблемите со наплата на побарувања;
  • Врши контрола и посета на терен со цел оптимизација и одобрување на “рут” плановите во ХоРеКа дивизијата;
  • Спроведува официјални Store Check извештаи минимум два пати месечно;
  • Предлага и спроведува превентивни и корективни мерки за унапредување на квалитетот, ефективноста, ефикасноста, продуктивноста и профитабилноста на работењето, како и за намалување на вкупните трошоци на Компанијата и Групацијата.

Квалификации:

·       Високо образование (Универзитетски студии);

·       Соодветно работно искуство;

·       Високо познавање на Microsoft Office со посебен фокус на Excel;

·       Возачка дозвола Б категорија;

·       Одлично познавање на Англиски јазик;

·       Напредно ниво на комуникациски, аналитичките, организациските и преговарачките компетенции;

·       Високо ниво на одговорност, етичност и тимска работа.

 

Што добивате:

  • Конкурентна плата во однос на индустријата
  • Месечни, квартални и годишни  бонуси според бонусната политика на компанијата
  • Пријатни работни услови и соодветна опрема за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можности за едукација во областа со платени курсеви и обуки согласно годишниот план за развој
  • Динамична и стимулативна средина, возбудливи професионални предизвици и работа со инспиративен тим.

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот  преку копчето аплицирај.

Apply

Attachments

Data privacy policy consent *

Show more...
https://maliqigroup.com/careers/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Privacy policy