Супервизор во офтрејд дивизија - регион МК запад

Macedonia
големопродажба

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа која денес покрива голем дел од пазарот, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.

Gemak Trade е во потрага по нов колега, на работната позиција:

 

СУПЕРВИЗОР ЗА РЕГИОН ЗАПАД

 

Работни задачи и обврски:

  • Ги организира тековните активности на дистрибутерите кои се под негова супервизија, планира  ‘’рут’’ планови и динамика на посети со цел  да се обезбеди покриеност на мрежата на малопродажните места
  • Ги следи и евалуира работните активности на  комерцијалистите  кои се под негова супервизија (почитувањето на работното време, бројот и динамиката на посети на малопродажните места,  активностите кои се потребни за брза и комплетна дистрибуција при пласирање на нови производи, активностите поврзани со мерчендајзингот на производите, одржување на нивото на  залиха ‘’Out of stock’’ во предвидените граници, одржувањето на професионален однос со коминтентите, креација на нарачките со цел обезбедување на доволно количество на залиха)
  • Ги контролира причините за евентуални  ‘’Out of stock’’ ситуации и дава предлози за  нивно решавање
  • Ја контролира навремена наплата во реонот
  • Изготвува периодични извештаи за движењата на пазарот

 

Потребни квалификации:

 

  • Образование: ССС (ВСС ќе се смета  за предност)
  • Искуство:  минимум 3 години  на слична работна позиција
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Предност ке имаат кандидатите со место на живеење во Битола

 

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај

Apply

Attachments

Data privacy policy consent *

https://maliqigroup.com/careers/
FledgeHR © 2025
Cookie consent Privacy policy