Сметководител
Macedonia
Хотелиерство
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Специјалист по сметководство
СЕКТОР: Финансии
РАБОТНИ ОБВРСКИ / ОДГОВОРНОСТИ
- Евиденција на влезно/излезна материјална и финансиска документација.
- Благајничко работење
- Контрола на книжењето на трансакциите.
- Изработка на финансиски извештаи за тековно работење.
- Сложување на сметководствена евиденција со коминтенти
- Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
- Одлично познавање на материјално сметководство.
Потребни способности и компетенции:
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
ОЧЕКУВАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ОБРАЗОВАНИЕ ВСС, Економски факултет од областа на Сметководство се смета за предност
ИСКУСТВО Потребно е најмалку пет години претходно работно искуство на соодветна позиција во сметководство
Работењето во индустрија хотелиерство ќе се смета за предност
ТЕХНИЧКИ КОМПЕТЕНЦИИ • Познавање на Microsoft Office: Word, Excel и Power Point • Познавање и користење на сметководствен софтвер