Директор за продажба
Macedonia
Хотелиерство
Specialist
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group – Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки стандарди. Нашиот хотел е олицетворение на хармонија помеѓу елегантни форми и бои, софистициран стил, со што преставува место што го прави прв избор за патниците
Доколку сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:
ДИРЕКТОР НА ПРОДАЖБА
Работни задачи и обврски:
- Развивање и спроведување на стратегии за продажба;
- Го подготвува годишниот буџет и управува со секторот во рамки на поставените планови и буџет;
- Ги поставува целите за продажба и изготвува планови за реализирање на продажбата;
- Активно учествува во изготвување на бизнис планот, ценовната политика и дава предлози за маркетинг кампањи;
- Врши предвидувања и анализи, изготвува извештаи за реализирана продажба од хотелско ресторански услуги;
- Организира и спроведува состаноци со постојани и нови клиенти за презентирање на компанијата и капацитетот со кој располагаме;
- Остварување на редовни комуникации на домашен и странски пазар со постоечки и потенцијални клиенти;
- Склучува договори за организирани настани и договори за годишна соработка со клиенти;
- Одржување позитивни професионални релации со редовни и потенцијални клиенти.
Потребни способности и компетенции:
Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
Одлични аналитички и организациски способности
Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на работа со комјутери (Opera System, Power point, Word, Excel)
Претходно искуство во хотел со 5 ѕвезди во продажба ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај.
Apply