Водоинсталатер
Macedonia
Хотелиерство
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за следната работна позиција:
Водоинсталатер
Вистинскиот кандидат треба да поседува:
- Средно образование
- Претходно работно искуство минимум две години на иста или слична работна позиција
- Познавање на Англиски јазик се смета за предност
Работни задачи и обврски:
- Ја одржува водоводната и одводната инсталација и опрема, како и системот за греење на вода.
- Одговорен е за поправка на дефекти поврзани со вода и заменува оштетени елементи.
Apply